Продаден автомобилот на 007

Астон МартинОва е врвната играчка за секој кој одбива да порасне. Но на оној љубител на Џејмс Бонд кој стана сопственик на овој Астон Мартин му беа потребни неколку милиони долари за да може да си игра со него.

Моделот DB5 кој беше возен од Шон Конери во третиот и четвртиот филм беше продаден на аукција во Лондон, за 2,6 милиони британски фунти. За продажбата на оваа икона биле потребни само четири минути и две понуди. Новиот сопственик, Хари Јеги од Охајо, од возачкото седиште изјавил: „Ќе го возам вечерва, едноставно не можам да чекам. Ова е најпознатиот автомобил во светот, не е најдобриот, но дефинитивно е специјален.“
Астон МартинЦената е малку разочарувачка за аукциската куќа Сотби, и е далеку пониска од очекуваните 3,5 милиони, но господинот Јеги – кој има колекција од 25 класични автомобили – вели: „Не мислам дека беше евтин, цената беше повисока од онаа што ја очекував.“ Тој сега ќе може да ја импресионира неговата сопруга со големиот број гаџети во автомобилот. Системот за прскање масло, исфрлање клинци и чадна завеса, како и ротирачктата регистарска табличка сè уште работат. Автомобилот може да достигне максимална брзина од 233 километри на час, забрзува од нула до 100 километри на час за 7,1 секунда и има поминато само 48280 километри.
Астон МартинАстон МартинАстон Мартин

Прочитајте и:  Во хотел во Јоркшир пронајдени  sидните лампи на Мадам де Помпадур од 1 милион фунти 
- Реклама -