Се појави фотографија на Galaxy S3 со Android 4.3 Jelly Bean

Пред некое време ве известивме дека Samsung планира да го прескокне ажурирањето на Android Jelly Bean 4.2.2 за Galaxy S3 и Note 2 и да ги ажурира директно со Jelly Bean 4.3.

Денес, благодарение на temefy.com имаме нови информации на оваа тема или поточно една фотографија на Galaxy S3 со Android 4.3.

Според изворот уредот припаѓа на вработен на R & D центарот на компанијата во Индија. Се споменува дека има две екипи кои работат за ажурирање на двата уреда и ако Android 4.3 биде претставен следната недела, тогаш Samsung може навистина да ја пушти новата верзија на оперативниот систем. Очигледно тестовите на новата верзија на TouchWiz се успешно завршени и апаратите се подготвени за ажурирање.

Исто така се споменува дека има тимови кои работат на ажурирање на Galaxy S4 и некакво друг уред кој можеби е идниот Note 3, но може да биде и некој од веќе претставените Galaxy Mega или Galaxy S4 Zoom / Active / Mini.

Како и да е, јас лично веќе се уморив од чекање и мислам дека не сум единствена меѓу носителите на минатогодишните уреди која пријатно би се изненадила во најскоро време!

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -