Ибра: Нема причина за да заминам од ПСЖ

Златан Ибрахимовиќ ги отфрла сториите кои го поврзуваат со заминување од Паркот на Принцовите.

По трансферот на Единсон Кавани во ПСЖ вреден 64 милиони евра, се говори дека Златан Ибрахимовиќ би можел да го напушти Париз.

Напаѓачот се поврзува со Реал Мадрид, Манчестер Сити и Наполи, но самиот Ибра ги отфрла ваквите гласини.

Зборувајќи на прес конференција во Шведска каде ’Светците’ се подготвуваат за новата сезона, играчот рече: „Секое лето ме поврзуваат со голем број на топ клубови ширум Европа”.

„Јас сум прилично смирен, знам што ќе се случи. Под договор сум со ПСЖ, имам уште две години и планирам да ги одработам”.

„Нема потреба да го променам клубот”.

Запрашан дали разговарал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, Швеѓанецот одговори: „Не сум сретнал со него, но ќе го сториме тоа во иднина, ќе разговараме за детали, некои мали некои големи”.

За најголемото засилување на ПСЖ, Единсон Кавани, Ибра рече: „Никогаш претходно не сум играл со него, но ние сме професионалци и ќе мораме да се адаптираме”.

„Кавани треба да го запознае градот, клубот и фановите. Тој е одлично засилување и е добредојден”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -