Истетовирај наука!

Британско-францускoто студио Expanded Eye е специјализирано за изработката на тетоважи. Бројни  обожаватели на нивната креативност ги дефинираат тетоважите  како најчудните кои досега ги виделе.

1tetovaza

Ниту една  друга современа уметност не влијае толку директно на телото на еден човек, колку тетовирањето, па оттука има луѓе кои сето го гледаат како платно.

tetovaza 5

Што сепак вклучуваат необичните тетоважи на Expanded Eye? Тие работат во жанрот на авангардата и уникатноста. Во нивната уметност се вткаени геометријата, географијата, архитектурата, портретите, кубизмот  и други целосно специфични стилови за оваа уметност.

2tetovaza

Освен со тетоважи, учесниците во арт колективот Expanded Eye се занимаваат и со графити. Затоа и некои од стиловите што се користат кај графитите, исто така, можат да бидат видени во нивните тетоважи.

3tetovaza 4tetovaza

 

- Реклама -