Мицубиши се подготвува за промовирање на нивниот нов модел Outlander Sport на уникатен начин. Јапонците модифицираат неколку автомобили со комбинација на софтвер и хардвер за далечинска контрола. Оваа нова технологија ќе им овозможи на луѓето од целиот свет да ги тестираат автомобилите од удобноста на сопствениот дом.

Од 1 ноември, луѓето ќе можат преку својот компјутер да седнат зад воланот на возило кое чини речиси 16000 евра и да го тестираат, во живо. Виртуелните возачи ќе ги возат автомобилите, чија брзина е ограничена на 48 километри на час, на затворена патека во Калифорнија. Претставник на проектот изјавил „Овој проект е дел од сè почестото преминување на границата помеѓу виртуелниот свет и реалноста. Совршен пример за тоа како технологијата го менува начинот на кој пристапуваме кон наједноставните искуства, како тестирањето на автомобили.“