Најчудните олимписки маскоти

Низ историјата на Олимписките Игри, маскотите на спортските натпреварувања биле специфични и интересни. Креативноста и симболиката на земјите тргнува од снежни луѓе со тиролски капи, мраз и снежни топки, се до  старогрчки богови и други интересни суштества. Во продолжение ви ги претставуваме најчудните олимписки симболи во историјата.

 

За маскота  на зимската Олимпијада 1976 Австријците избрале снешко. За разлика од „класичните модели“ Scheeman бил направен само од една снежна топка, крунисана со тиролска шапка. Изгледот на „Олимпискиот снешко“ е сличен на ликовите од рекламата на m ‘&’ m’s.

1maskota

Канаѓаните создале нов тренд  –  олимписки маскоти во пар.  Зимата од  1988 година тие му го подариле  на светот својот пар бели мечки, облечени во каубојски стил. Нивните имиња се Hidy и Howdy и двете почнуваат со поздравот “hi”.

2maskota

Во текот на летото,  1992 година дизајнерите од DESIGNefx измислиле Whatizit – Чуден лик од непознат биолошки вид. Оваа смешна  маскота толку им се допаднала на Американците што  во 1996 година ја „преродиле“. На Олимписките игри во Атланта синото суштество  сепак малку си го променило имиџот и било претставено на публиката со името Izzy .3maskota

 

Зимскиот олимписки симбол,  истата година –1996,  изгледа не помалку интересно. Романтичните Французи го претставија Magique – хибрид помеѓу човек, ѕвезда и снегулка. Според концептот на неговите творци оваа маскота е олицетворение на синтеза меѓу сонот и фантазијата.

4maskota

Зимските олимписки игри 1994 во Норвешка се одржаа под покровителство на кукли со костуми на Викинзите. Странските гости истакнаа дека насмеаните лица на Хекон и Кристин не се врзуваат со облеката на суровите  воини.

5maskota

Бидејќи  домаќини на Летната олимпијада во 2004-тата година   беа  Грците, истите  побарале инспирација во историјата. При тоа се насочиле  и кон богатата фантазија, поврзувајќи ги  минатото и сегашноста во сликите на своите талисмани. Старогрчките  богови Феб и Атина биле претставени како радосни кукли со несразмерно големи стапала.

6maskota

Италијанците не се малтретирале  со премногу размислување пред Зимската олимпијада 2006 и ги избрале  за маскоти на игрите „девојката-снежна топка -Neve“ и „момчето мраз -Gliz“ .

7maskota

За Олимписките игри 2008 Кинезите содадоа  дури  пет маскоти. Гостите беа пречекани од рибите Beibei, пандата Jingjing, олимпискиот оган Huanhuan, тибетската антилопа Yingying и ластовичка Nini . Бројот и боите на маскота одговараат на прстените во амблемот на Олимпијадата.

8maskota

Канаѓаните биле домаќини на Игрите во 2010 година и се ограничиле „само” со четири маскоти. Сликите на овие слатки животинки се земени од популарните во Северна Америка „урбани митови” и се дополнети со „спортска легенда”.

9maskota

За минатогодишната Летна Олимпијада Британците ни приготвија доста урбанистички симбол – Wenlock и Mandeville . Овие „живи капки” се крстени по гратчето натпревар-Венлок и болницата во Сток-Мандевил , бидејќи токму на овие места биле спроведени првите игри налик на  Олимписките.

10maskota

 

- Реклама -