Мојс: Доставивме втора понуда за Сеск

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс потврди дека е доставена втора понуда до Барселона за услугите на Сеск Фабрегас.

’Црвените Ѓаволи’ минатата недела доставија понуда до Барселона за услугите на Сеск Фабрегас вредна 30 милиони евра, но ’Каталонците’ експресно го одбија ваквиот предлог.

Генералниот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд во средата ја напушти турнејата на Далечниот Исток и се врати во Европа со цел да го договори трансферот на шпанскиот репрезентативец.

Дејвид Мојс утрово соопшти дека тие доставиле и втора понуда, за која медиумите пишуваат дека е вредна 35 милиони евра, па шампионот на Англија сега го чека одговорот на Барса.

Зборувајќи на прес конференција во Јокохама, Шкотот рече: „Колку што сум запознаен, Ед доби одговор (на првата понуда)”.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда

„Па ние доставивме втора понуда, но Ед е задолжен за зделката, тој ги води преговорите место мене”.

„Кога сте заинтересирани за добри фудбалери потребно е да сторите се за зделката да се реализира. Се надевам дека работите ќе продолжат да се движат напред”.

„Во овој момент можам само да кажам дека Ед работи напорно за зделките да се договорат и се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -