Поседувањето на воени возила од страна на цивили е забрането речиси секаде во светот. Сепак, улиците ќе беа многу похаотични ако секој можеше да купи тенк или оклопен транспортер. Но, сепак секојдневно на улиците гледаме возила кои имаат воени корени.
Поседувањето на воени возила од страна на цивили е забрането речиси секаде во светот. Сепак, улиците ќе беа многу похаотични ако секој можеше да купи тенк или оклопен транспортер. Но, сепак секојдневно на улиците гледаме возила кои имаат воени корени.
Џип
Во рекламите за моделот Ранглер, Џип бесрамно се фали со поврзаноста со возилото за генерална намена создадено од Вилис за вооружените сили на САД во Втора Светска Војна.
Фолксваген Буба
Фердинанд Порше го адаптирал дизајнот на Бубата во одлично лесно воено возило наречено Kübelwagen. Верзии на Бубата со погон на сите тркала наречени Kommandeurwagens дури и биле користени како луксузни теренски возила за офицери.
Ленд Ровер
Оваа класика била инспирирана од американскиот Џип. Првите прототипи на Ленд Ровер дури и биле градени врз основа на шасии од Џип. Нормално, Ленд Роверот има изградено и сопствена успешна војничка кариера, и исто така е доста популарен кај љубителите на теренско возење.
Тојота Ленд Крузер
Оригиналниот потомок на Ленд Крузерот всушност е Џип. Неколку заробени примероци биле испратени во Јапонија, каде што еволуирале во Тојота FJ. Денес ова возило може да се види во воени зони како Авганистан бидејќи сè уште го користат неколку армии, како и новински агенции.
Steyr-Puch Geländewagen
Воената верзија на G класата од Мерцедес, Geländewagen, или попознат како G-Wagen се користи од страна на неколку армии во склоп на НАТО. Сите возила од G класата (и воени и цивилни) се произведуваат во фабриката на Штајер-Дајмлер-Пух во Австрија. Воените верзии најчесто се произведуваат со логото на Пух наместо Мерцедес.
Hummer H-1
Модерниот еквивалент на џипот од Втората Светска Војна бил планиран само како воено возило. Но кога Арнолд Шварценегер ги убеди да му направат цивилна верзија, Хамерот стана тренд во Америка. Тренд кој сепак траеше кратко, производството на Хамер беше прекинато годинава.