Капката конечно капна!

Долгото исчекување конечно заврши со успех, кога научниците од Тринити колеџот во Даблин успешно ја снимија „озлогласената“ капка. Се работи за добро познатиот асфалт – леплива, вискозна супстанција што се добива од јаглен и јаглеводороди. Помалку познато е, што иако изгледа како да е цврста материја, всушност, на собна температура асфалтот тече, но мноогу бавно, невидливо за голо око.

Доказ за тоа е што овој експеримент е еден од најдолгите лабораториски експерименти во светот. За споредба, најстариот и најдолг, рекордер по Гинис, е ист ваков експеримент започнат во Австралија, пред 86 години! И во двата случаи, морето од трпение на научниците вроди со неколку капки резултат, отприлика по една во текот на една деценија, но експериментот на Тринити колеџот, и покрај тоа што трае „само“ 69 години, е значаен затоа што ова е прв пат процесот да биде снимен на камера.

Годинава се очекува уште една капка асфалт да ја напушти инката во лабораторијата во Австралија. Од 1927 година, па до сега, научниците се израдуваа само 8 пати.

- Реклама -