Фрижидерот, телевизорот и лавабото едно до друго. Хмм…мислите дека ова не е добра идеја?
Кујна, дневна и трпезарија споени во едно и тоа во 36 метри квадратни. Не можете да си замислите како изгледа тоа? Погледнете го ова станче во Бразил кое иако е мало нуди удобност и изгледа естетски убаво. Во него во една просторија се сместени кујната, дневната соба и трпезаријата, а на горното ниво е спалната соба.
Идејата за овој стан била да се создаде младешки и динамичен дом, а сепак, удобен и убав. Ако повеќе ве интересира, моментално во ова станче во Сао Паоло живее разведен бизнисмен и ентериерот ја рефлектира идејата за промени и реогранизација. Интересно, нели?