Поради грешка во системот му префрлиле 92.233.720.368.547.800 долари на еден 56 годишен Американец.
Како што пренесува Дејли Њуз, во Филаделфија поради грешка во системот на “PayPal” му било префлено 92.233.720.368.547.800 долари на Крис Рејнолдс. Тој во тие моменти бил апсолутно најбогатиот човек на планетава.
“Знаев дека е грешка, но за момент помислив дека се мои парите” – изјавил Крис за Дејли Њуз.
После неколку часа неговата сметка повторно била празна. Грешката брзо беше исправена – рекол Рејнолдс.
Рејнолдс, кој преку својот компјутер трошел најмногу по 100 долари месечно, најмногу на E-bay, изјавил дека парите би ги донирал за доброволни цели.
“Најпрво би го исплатил целиот американски долг, а потоа би го купил филаделфискиот беjзбол клуб “Filis”” – додал Крис.
На сево ова “Paypal” не сакале да коментираат за овој случај, поради тоа што процедурата за префрлање на пари е најстрога тајна на компанијата.