10 најлоши автомобили за минатата деценија

СмартКако што се ближи 2010 година, полека почнуваат да излегуваат листи на сите значајни нешта што се случиле во изминатата деценија. Листата што овде ви ја претставуваме е посветена на најлошите автомобили. Но, иако креаторите ја именувале така, критериумот според кој се вреднувани возилата главно е нивната убавина. Според тоа, можеме да кажеме дека се работи и за десетте најгрди автомобили за изминатата деценија. Но, да не должиме, еве ги победниците!

Како што се ближи 2010 година, полека почнуваат да излегуваат листи на сите значајни нешта што се случиле во изминатата деценија. Листата што овде ви ја претставуваме е посветена на најлошите автомобили. Но, иако креаторите ја именувале така, критериумот според кој се вреднувани возилата главно е нивната убавина. Според тоа, можеме да кажеме дека се работи и за десетте најгрди автомобили за изминатата деценија. Но, да не должиме, еве ги победниците!

Понтијак Ацтек10. Понтијак Ацтек

Ова е еден од најкритикуваниот автомобил по однос на неговиот изглед. Многумина кажаа оти никогаш не виделе погрд автомобил во нивниот живот. Што мислите, погрешија ли што организираа прослави во 2005 кога престана да се произведува?

9. Даеву (сите модели)

Даеву банкротираше во 2002 година и веројатно тоа е среќна околност. Се работеше за компанија која ги спојуваше неспособноста со екстремно непривлечниот дизјан. Моделите на Даеву имаа лоши кочници, лоши менувачи, нерамномерно забрзување и ужасна стабилност. Ќе му недостигаат некому?

8. Isuzu Vehicross

Спортското возило со 2 врати тврдеше дека има револуционерен систем за распределување на моќта по желба на возачот. Но, покрај фактот што нештата не излегоа според планот, покрај тоа што цената од преку 30 илјади долари беше страшно висока, тука секако е и изгледот. Овој модел ви кажува дека жаба и крокодил се обиделе да имаат дете и по некое чудо на природата се добил Исузи!

7. Јагуар тип ИКС

Откако Форд го купи Јагуар, се обидоа со автомобилите кои се евтини а сепак луксузни. Очигледно, финалниот производ не излезе според очекувањата. Употребата на евтини материјали, на крајот доведува и до евтин автомобил, дури и ако го рекламирате како луксузен.

6. Понтијак Sunfire

Еден од автомобилите со најлошите ентериери во историјата. Ништо друго не е потребно да се додаде.

5. Кадилак Катера

Иако престана да се произведува уште во 2001 година, заслужено го зазеде своето место на оваа листа. Кадилак базиран врз Опел никогаш не може да биде Кадилак.

4. Тојота Ехо

Тојота Ехо има централно поставена инструмент-табла и високо поставени седишта кои потрошувачите брзо ги одбија. Можеби затоа овој модел не преживеа повеќе од 5 години производство.

Смарт3. Џип Компас

Овој модел на Џип не функционира онака како што е замислен. Ја нема моќта која треба да ја има и троши далеку повеќе гориво одошто треба. Компасот не е ништо повеќе од позер.

2. Крајслер Себринг

Претходниот Себринг не беше толку лош. Но, кога Крајслер извади „подобрен“ модел во 2007, нештата станаа интересни – лоша стабилност, неудобни седишта, ужасен ентериер…

1. Смарт двосед

Кога жртвувате простор за да добиете мал автомобил, очекувате барем потрошувачката на гориво да остане на респектабилно ниво. Но, со едвај 17 километри со еден литар (5,8 литри на 100 километри) Смартот не импресионираше никого – освен можеби луѓето во Амстердам кои решија да ги фрлат во реката Амстел.

- Реклама -