Погледнете како некои производители го замислуваат начинот на кој ние во иднина ќе се возиме по градските улици.
Погледнете како некои производители го замислуваат начинот на кој ние во иднина ќе се возиме по градските улици.
Овој автомобил има само две тркала и според производителите со него е невозможно да се предизвика сообраќајна незгода. PUMA возилото е продукт добиен од здружувањето на General Motors со компанијата која призведува скутери – Segway, со цел да креираат еколошко возило за градско возење. Проектот P.U.M.A. (Personal Urban Mobility & Accessibility) се вели дека нуди брз, безбеден, евтин и еколошки транспорт со брзина од 56km/h. Иако е сé уште во прототип фаза, од General Motors тврдат дека ова електрично возило ќе го смени начинот на превезување во градовите. Со P.U.M.A. може да се патува со 35km/h само со едно полнење, а комуникациската мрежа и сензорите го заштитуваат ова возило од сообраќајни незгоди.
Според производителот Honda, овој електричен моноцикл кој својата премиера ја доживеа минатата недела, може да биде иднината на урбаниот превоз. Возачите го управуваат моноциклот така што се наведнуваат во насоката каде сакаат да возат, а главното тркало е направено од многу помали што значи дека оваа направа може да се движи напред, назад,странично, дури и дијагонално. Возилото е лесно за носење кога треба да бегате не се користи.
Производителите на YikeBike велат дека сакале да го направат идеалниот велосипед за урбани и модерни луѓе и така дошле до овој мошне необичен продукт од 3.000 фунти. YikeBike тежи помалку од 10kg, се склопува до димензии 15x60x60cm и има електричен мотор кој може да постигне брзина до 20km/h.
Кога во 2001 беше обелоденето ова превозно средство, сите очекуваа дека досега сите ние ќе имавме по едно од овие електрични возила со две тркала и со систем за автобалансирање, но по цена на едно семејно возило и луксузот да изгледате као излезени од некој третокласен научно-фантастичен филм, Segway-от не доживеа таква блескава иднина.