10-те најкул автомобили на Џејмс Бонд

Повеќе... Бркотниците со автомобили е еден од најосновните елементи во филмовите со Џејмс Бонд откако серијалот започна во 1962-та. Традицијата продолжува и во најновиот филм Quantum of Solace, во кој омилениот супер таен агент е зад воланот на „жежок“ Aston Martin DBS, но овој пат прилагоден на духот на новото еколошко свесно време како Ford Edge кој е на водороден погон. Еве ја листата на претходните најкул автомобили на Џејмс Бонд.

Бркотниците со автомобили е еден од најосновните елементи во филмовите со Џејмс Бонд откако серијалот започна во 1962-та. Традицијата продолжува и во најновиот филм Quantum of Solace, во кој омилениот супер таен агент е зад воланот на „жежок“ Aston Martin DBS, но овој пат прилагоден на духот на новото еколошко свесно време како Ford Edge кој е на водороден погон. Еве ја листата на претходните најкул автомобили на Џејмс Бонд.

Aston Martin DB5
astonmartin_db5.jpg

Култното прво бондовско возило се појави во Goldfinger и е икона во филмската индустрија. Во прилог на убавиот дизајн и зашеметувачката брзина, бондовиот DB5 имаше и митралези, оклоп отпорен на куршуми, радар и супер кул катапултско седиште кое можеше да го лансира возачот само со притискање на копче.

Bentley Mark IV
1930_bentley.jpg

Тука има и малку заплеткана приказна бидејќи Bentley никогаш не произведе автомобил наречен Mark IV. Тоа е измислица на Јан Флеминг. Бонд возеше Bentley од 1933 во новелата Casino Royale. Различни Бентли автомобили се имаат појавувано во филмовите за Бонд, вклучително во Од Русија со љубов, каде овој супер таен агент ја заведува Miss Sylvia Trench позади воланот на 1930 Bentley Derby сличен на овој на сликата.

Lotus Esprit
lotus_esprit_s1.jpg

Lotus Esprit од Шпиунот кој ме сакаше е исто толку познат како и DB5, само заради тоа што може да се претвори во подморница само со притискање на копче. Автомобилот имаше и проектили, торпедо и подводни бомби.

Toyota 2000GT
toyota_2000_gt.jpg

Ова, всушност, и не беше автомобил кој го возеше Бонд. Ова го возеше неговиот помошник, Аki, во You Only Live Twice. Но влегува во оваа листа заради тоа што имаше кул гаџети: телевизор, бежичен телефон и стерео кое се активира на глас, нешта кои се вообичаени денес, но кои во 1967 година беа научна фантастика. Toyota направи автомобил без покрив само затоа што Шон Конери беше премногу висок за да го собере во кабината.

Aston Martin DBS V12
aston_martin_dbs.jpg

Aston Martin се врати во екипата на Џејмс Бонд во 2002 после бондовското шега на сметка на BMW во доцната 1990. Vanquish-от кој се појави во Die Another Day беше со катапулт седиште и направа за маскирање со чија помош автомобилот можеше да биде невидлив.

Ford Mustang Mach 1
mustang_mach1.jpg

Да, Бонд возеше и Mustang, иако само на кратко во Diamonds are Forever. Конери го однесе Mach 1 на лудо возење на две тркала низ Вегас (иако не толку успешно изведено што се забележува во филмот).

BMW Z8
bmw_z8.jpg

Pierce Brosnan го возеше во The World Is Not Enough, но тоа беше BMW само според името. Z8 беше сеуште прототип кога започна снимањето па затоа во филмот „игра“ Cobra со маска од BMW.

AMC Hornet hatchback
amc_hornet.jpg

Тајниот агент 007 го украде овој автомобил од застапништвото во спектакуларното бегство во The Man With the Golden Gun, со вртоглав скок преку канал. Подвигот беше изведен со помош на суперкомпјутерот на Корнел Универзитетот, и тоа беше единствениот пат во историјата на AMC Hornet, тој да изгледа толку кул.

Moon Buggy
moonbuggy1.jpg
Ова вселенско „нешто“ се појави во Diamonds Are Forever.

 

Citroen 2CV
citoen.jpg

Уште еден бондовски автомобил што не беше она што изгледаше дека е. 2CV -то со преработена рамка за вешто бекство (со малку повеќе среќа) од For Your Eyes Only.

- Реклама -