3 оригинални идеи за замена на штетните климатизери

Ако сакате да направите одмор од електричниот климатизер и да заштедите пари за струја, не мора да бидете осудени на прегреан простор во вашиот дом или канцеларија. Ако имате вентилатор, со неколку реквизити може да ја зголемите неговата способност за ладење.

Release-BOI-Fan-Image

Покрај тоа, климатизерот носи и подебели сметки за струја. Токму поради тоа ви претставуваме 3 алтернативни предлози што ќе ве оладат, без смрзнување по погледот на сметката или претерано оладениот простор.

1. Пред вентилаторот поставете широк плиток сад и наполнете го со коцки мраз. Така воздухот што излегува од вентилаторот ќе биде поладен од воздухот во собната температура, а неговата свежина ќе потрае додека не се стопи мразот.

bilde

2. Наместо сад со мраз, пред главата на вентилаторот ставете шише со смрзната вода.

cool-fan-ice

3. Во пешкир ставете коцки мраз, свиткајте го така што мразот ќе остане внатре во пешкирот и врзете го меѓу две столчиња. Вентилаторот насочете го кон пешкирот за да го оладите воздухот. Кај ваквото разладување, поради топење на мразот, потребно е да ставите сад под пешкирот.

- Реклама -