Air Car влегува во производство

aircar_ppПрвиот комерцијален автомобил напојуван од компресиран воздух е спремен за патиштата. Развиен од поранешниот F1инженер, Гај Негре, тој ќе биде произведуван од индискиот авто-гигант – Tata Motors.

aircar

Првиот комерцијален автомобил напојуван од компресиран воздух е спремен за патиштата. Развиен од поранешниот F1инженер, Гај Негре, тој ќе биде произведуван од индискиот авто-гигант – Tata Motors.

Air Car користи компресиран воздух кој ги движи клиповите. Се очекува 6000 вакви автомобили да се движат по улиците на Индија до 2008. CityCat моделот ќе има максимална брзина од 109 км/ч и опсег на движење од 201 километар.

Повторното полнење со воздух ќе биде едноставно и нема да трае повеќе од неколку минути, а ќе чини околу $2.00. Ако во близина нема станица со компресиран воздух, тоа ќе може да го направите преку компресорот на колата кој се поврзува во струја, за што ќе бидат потребни 4 часа.

На некој начин ова е електрична кола, само што нема електричен мотор.

Негре има склучено договори со Германија, Израел и Јужна Африка за 12 нови дизајни и производство на Air Car во овие земји.

Подолу ве очекуваат неколку видеа за оваа нова технологија. [Air Car]
Претходно на 365.com.mk: Автомобили на воздух?

{youtube}J_i3aMz7q1w{/youtube}

{youtube}gFbKINlXzRk{/youtube}

{youtube}QmqpGZv0YT4{/youtube}

- Реклама -