Конечно и во Македонија се појави најновата, зимска колекција на daydream маските за спиење. Не во текот на денот, туку во темнината што ја одредува спиењето, човекот може да пронајде регенерација и внатрешна рамнотежа.
Со daydream денот може да се претвори во ноќ, а стресот и притисокот да останат далеку позади вас. Нема потреба да се грижите за вашиот надворешен изглед додека спиете. „Маската со Круна“ украсена со сваровски елементи, „Патувањето во Азија“ или само чистата „Цветна енергија“ ќе се погрижат секој ваш сон да биде моден тренд. Daydream маските не само што изгледаат убаво туку и се сметаат меѓу најдобрите маски за спиење.
Секоја маска за спиење содржи кулер и може да се користи како маска за ладење која е идеална за релаксација и целосно отстранување на отоците околу очите.
Единствената Nurel микрокапсулна технологија што е вградена во овие маски е заштитена со патент од шпанската компанија Nurel. Микрокапсулите во внатрешноста на ткаенината ослободуваат континуирано Алое Вера и витамин Е на лицето на кожата. Маската за спиење трае најмалку 300 употребувања.
Кои се придобивките кои ткаенината со алое вера ги обезбедува за мојата кожа? Една независна лабораторија докажа дека после една недела од употребата на NUREL-ткаенината со алое вера на дневна основа, влагата на кожата се зголемува за 27%. Понатаму, по избор на потрошувачите се извршени тестирања. 95% од тестираните лица потврдиле дека NUREL-ткаенина со Алое Вера обезбедува повеќе влага на кожата, правејќи ја помека и поеластична. Овој третман особено помага кај лица со осетлива кожа.
Колкаво е времетраењето на микрокапсулите во внатрешноста на материјалот?
Едно истражување на Универзитетот во Сара-gossa го потврдува постоењето на NUREL микрокапсулите во внатрешноста на материјалот дури и по триста пати континуирано секојдневно користење.
Како Алое Верата и Витаминот Е се испуштаат во кожата?
Секоја микрокапсула е перфорирана со неколку пори. Притисокот на Алое Вера и Витамин Е внатре во капсулата се форсира низ порите сè додека површината на капсулата не е комплетно заситена со Алое Вера и витамин Е. Преку контакт на лицето со ткаенината, кожата впива Алое Вера и Витамин Е.
Зошто Алое Верата и Витаминот Е во внатрешноста на микрокапсулите се користат најмалку 300 пати?
Алое Верата и Витаминот Е во внатрешноста на микрокапсули се обвиткани во мали количини, и се ослободуваат само доколку ткаенината има контакт со кожата. Ако не постои контакт со кожата и потребната топлинска енергија за ослободување на микрокапсулите тие не се ослободуваат.
Маските за спиење, исто така, може да се перат без проблем. Дури и по сто миења повеќе од една третина од почетната количина на Алое Вера и Витамин Е останува во микрокапсулите.
Може ли Алое Верата и витаминот Е да се видат или мириснат?
Не, Алое Верата и витаминот Е се без мирис, проѕирни. Капсулите се нанометрички и не може да се видат со голо око. Сепак, под електронски микроскоп капсулите може да се видат и со инфацрвен спектрометар може да се утврди количината на Алое Вера и Витамин Е во ткаенината.
Уживајте во вашето патување во светот на сонот. Ви посакуваме пријатни соништа.
Продажни места на daydream маските:
- Еликсир парфимерија ГТЦ и спроти Кјуби Mакедонија
- Ри–Ма парфимерии ТЦ Бисер
- Бии Пинк ТЦ Веро
- Бии Пинк ТЦ Рамстор
- Стоп Шоп тобако спроти Тинекс
- Д&Д фарм аптека спроти ТЦ Беверли Хилс
- Оскар 1 аптека Илинденска
- Фри стајл бутик Рузвелтова бр.4
- Елит салон позади Веро 2