Абрамович ќе реновира остров во Санкт Петерсбург

АбрамовичРускиот олигарх платил речиси 400 милиони американски долари за да го започне својот амбициозен план, создавање на музеј на уметноста и комерцијален ценар на остров во срцето на Санкт Петерсбург.

Роман Абрамович купува голем број на запуштени згради на островот Нова Холандија, поранешна воена база. Според претставник на Абрамович, чие богатство е проценето на 12 милијарди американски долари, русинот планира да ги претвори складовите, кои потекнуваат од осумнаесетиот век, во галерии, стамбен и деловен простор и хотели.

Четириесет и пет годишниот Абрамович надвор од Русија е најпознат како сопственик на Челзи. Но откако во 2007 година ја започна врската со неговата сегашна девојка, Дариа Жукова, која е популарна во светот на уметноста, тој стана еден од водечките колекционери на современа уметност. Во 2008 година, за време на посета на Њујорк, тој потрошил 68 милиони американски долари за „Триптих“ на британскиот сликар Фрaнсис Бејкон и уште 27 милиони долари за слика на Лусиен Фројд.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари

Купувањето на овие слики ги поттикнуваат гласините дека планираната галерија може да биде дом на неговата колекција. Дваесет и девет годишната Жукова, ќерка на руски нафтен магнат, има сопствена галерија во Москва и е член на одборот на Околниот Музеј на Уметност од Лос Анџелес. Но, ваквиот трошок не е ништо ново за Абрамович, лани тој купи имот од 85 милиони долари на карибскиот остров Св. Бартоломеј. Тој исто така наводно платил 474 милиони долари за најголемата јахта во светот, Eclipse. Нормално, јахтата е опремена со галерија. [Russian billionaire spends $400 million on island-based art museum project]

- Реклама -