Кога жените се расположени за секс?

Еден од најчестите митови за сексот е дека мажите се секогаш подготвени, додека жените имаат потреба од посебна процедура, за да им се  зголеми  расположението за секс. Но всушност и двата пола имаат свои слаби и силни моменти, што се однесува до сексуалната активност.  На темава постојат безброј митови, па така, неопходно е да „ѕирнеме“ во науката.

Годините и желбата

2-05-Four-Women-and-a-Funeral-sex-and-the-city-3543297-640-464

Покрај популарното верување дека во повисоките класови, за време на средното образование и  студентските години жените се отворени за сексуални односи, се покажува дека на 30-40-годишна возраст жените се склони не само кон повеќе секс, но и секс за една ноќ . Ваквата желба се објаснува со  намалувањето на плодноста и  доближување до периодот на менопауза.

По месечниот циклус

ciklus

Расположението за секс, сепак, не зависи само од возраста, туку  и од месечниот циклус. Недела по него жените се чувствуваат најсекси и пожелни, а сексуалниот апетит им е најголем. Зголеменото либидо има свое логично биолошко објаснување. Се работи за тоа што за време на периодот на овулација,  шансите за забременување се најголеми.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Годишни времиња

Hot-font-b-sale-b-font-women-s-spring-elegant-sex-half-sleeve-purple-dress-one

Сексуалната желба кај жените  влијае и од годишните времиња и се буди со доаѓањето на пролетта. Топлите месеци ги полнат жените не само со огромно количество на сексуална енергија, но и ги туркаат кон „демократско“ однесување во креветот. Дел од објаснувањата за тоа  расположение е поврзано со долгите денови , повеќето сончеви часови, наближувањето на  сезоната  на одмори и паузи – сите тие  нешта  го стимулираат лачењето на хормонот на среќата, ендорфин.

Бременост

bremenost

Сексуалната желба кај жените понекогаш нагло расте во текот на бременоста,  и тоа, најмногу поради беснеењето на  хормоните, во текот на овој период.

Кој рано рани, не добива!

utro

Додека мажите се подготвени за секс во рани зори, на жените им е потребно малку повеќе време за да се подлежат  на утринскиот  бран. Околу 9-10 часот е совршено време за секс , бидејќи во тоа време хормоните кои се однесуваат на сексуалната желба, го пронаоѓаат својот врв, а секојдневнието  сеуште не ги сервирало обврските, проблемите и стресот.

- Реклама -