Воопшто не е лесно да придобиете некого. Тој подвиг е доста напорен и бара умешност. Треба да знаете точно како да се поставите за некоја неодредена личност да ја претворите во пријател, наместо непријател.
Воопшто не е лесно да придобиете некого. Тој подвиг е доста напорен и бара умешност. Треба да знаете точно како да се поставите за некоја неодредена личност да ја претворите во пријател, наместо непријател.
Срушете го сопственото его
Доколку се поставите надмено или во одбранбена позиција, тоа нема да ви донесе успех. Треба да покажете понизност и да им пристапите на ситуациите со доза на хумор, што ќе ја намали тензијата.
Не бидете очајни
Сите ние, штом ќе почувствува дека на соговорникот нешто му е очајно потребно од нас, веднаш се откажуваме од разговорот. Никој не сака да биде оној кому му се посветува внимание само заради некаква корист. Ако покажете дека нешто итно ви е потребно, бидете сигурни дека нема да го добиете. Затоа, однесувајте се како да ви е сосема сеедно. Иако навидум тоа е подолгиот пат, всушност, многу побргу ќе стигнете до целта.
Потенцирајте ги можните загуби
По дефиниција, луѓето се плашат да загубат нешто, многу повеќе одошто се возбудуваат со можната добивка на нешто. Затоа, иако зборувате за истата работа, поставете ја во разговорот како потенцијална загуба. На пример, ако треба да го убедите шефот да започнете некој проект, потсетете го колкав профит ќе испуштите од раце доколку проектот не се реализира, наместо да му кажувате колкав профит би можеле да добиете.
Одвлечете го вниманието на соговорникот
Кога зборувате, ако почувствувате оти соговорникот не е заинтересиран за кажаното, одвлечете му го вниманието. Направете пауза и во тоа време префрлете се на тема што знаете дека ќе му се допадне (макар тоа било и нешто од личниот живот). Потоа, во многу поопуштена и попријателска атмосфера, вашата идеја ќе му изгледа многу поинаку и што е поважно, подобро!
Прифатете ја поентата на соговорникот
Кога соговорникот знае дека сте ја сфатиле неговата страна од расправата, дури и ако не се согласувате со него, ќе се почувствува важно, затоа што сте одвоиле време да размислите на таа тема. А во таква ситуација, вашите поенти добиваат на тежина.