Модните банди на Конго

sapepappppi26624487Модните банди, кои себеси се нарекуваат "sape"(француски сленг за облека) хараат низ гетата на Конго. Тие не носат пиштоли и ретко се закачаат. Спротивно од сфаќањата за бандите – се расфрлаат со брендови, а не со ножеви.

Модните банди, кои себеси се нарекуваат "sape"(француски сленг за облека) хараат низ гетата на Конго. Во земја каде многумина преживуваат со 30 центи дневно, Папи Монсенго се прчи со своите дизајнерски алишта кои чинат околу $1000.

„Добро се чувствувам кога се облекувам вака. Се чувствувам посебен.“ – вели 30-годишниот Папи. 

sapepapi26624487

 
ЈАС СУМ САПЕ:

Папи Мусенго (30) живее со своите родители, заработува $120 месечно,
а троши неколку пати повеќе на облека секој месец


Но, Мусенго едвај може да си ја дозволи оваа пасија за модата. Тој работел 8 месеци во менувачница за да заработи за секое од 30 парчиња кои ги поседува, така што никогаш нема да мора да носи некоја облека два пати во месецот.

Моментално живее со неговите родители, девојка и 5-годишен син, во соба која може да се опише како „купатило со душеци“. Пријателите, фамилијата и неговата девојка постојано го убедуваат да престане да се расфрла со пари на облека и да почне да ги троши рационално.

„Тој можеше да купи куќа со тие пари“ – вели неговиот дилер за облека, кој тврди дека Мосенго троши по $400 месечно.

Но, него не му е гајле.

„Јас сум тоа што сум. Јас сум Сапе“ – вели Мусенго, облечен од глава до пети во дизајнерски алишта и Gucci наочари.

Овие модни групи се појавиле уште во раните 70-ти во Африка, шетајќи се во бунди и накит низ улиците, многу години пред метросексуалците, Паф Диди и останатите рапери.

„Кога ќе се облечам вака и кога ќе седнам тука со пиво, никој неможе да ме допре“ – вели Пату Коуча, 29, кој носи јакна од Версаче. Му требале месеци продавање кокаин за да собере $1500 и да ја купи преку пријател на старо од Европа. 

sape126624458

 
ЛУКСУЗ НА ВИДИК:

Член на банда од Киншаса, Конго, кој сите заработени пари ги дава на дизајнерска облека.
Тој ја носи јакната наопаку за да го истакне нејзиниот бренд

„Не ме интересира што зборат. Правам што сакам“ – вели тој.
„Американските рапери немаат врска. Ние сме тие што го диктираат стилот.“

Јапонските дизајнери се најшик сега – велат тие. Јамамото и Мијаке. Американските рапери се само бледа копија на нивниот дизајн.

Тие не носат пиштоли и ретко се закачаат, но повремено заземаат нечија „територија“ во одбрана на сапе, односно „Defi de Sape“ како што го нарекуваат модниот дуел.

Ова му доаѓа како Zoolander во живо. Тие се расфрлаат со брендови, а не со ножеви. Тепањето е заменето со преоблекување. 

„Ако видиме членови на друга Сапе банда како шетаат по нашата улица, брзо трчаме дома, се преоблекуваме во нашата најдобра облека и излегуваме надвор да покажеме дека не сме никој и ништо.“ – вели Вили Бисалеле, 28, лидер на модната банда „100 години војна“. 

Победник е екипата со најскапата или најретка колекција. Еден ваков дуел беше пренесуван и на локална телевизија.

- Реклама -