Една од пет жени би простила неверство

ЖивотЕдна од пет жени во Британија би му простиле на партнерот за едновечерна сексуална врска, под услов да каже дека „не му значело ништо“. Истражувачите откриле дека многу жени се подготвени да му прогледаат низ прсти на партнер кој признал дека имал секс со друга личност.

Една од пет жени во Британија би му простиле на партнерот за едновечерна сексуална врска, под услов да каже дека „не му значело ништо“. Истражувачите откриле дека многу жени се подготвени да му прогледаат низ прсти на партнер кој признал дека имал секс со друга личност.

измамаБројките исто така велат дека на осум од десет Британци не им е важно ако партнерот започне емоционална врска со некој друг, сè додека нема секс. Други работи кои според жените се прифатливи во врска се флертување со колешки, пиење по работа и купување подароци. Но, девет од десет жени исто така изјавиле дека веднаш би раскинале со партнер кој редовно има секс со друга личност. Една половина од жените веднаш би раскинале со партнерот ако тој бакне друга жена, додека прегрнувањето е апсолутно забрането.

Претставник на сајтот кој ја организирал оваа анкета извршена врз 3000 луѓе рекол: „Резултатот на анкетава навистина нè изненади, Мислевме дека луѓето би биле позагрижени за емоционалните аспекти на врската отколку за физичките. Ние очекувавме резултатите да покажат дека сексот е само секс, и дека делењето на интимни мисли и чувства со други лица би било поболно. Но луѓето размислуваат комплетно спротивно. Помислата дека партнерот допира друга личност, и дека станува близок со некого во физичка смисла е пострашно за повеќето од испитаниците“.

- Реклама -