Погледнете ја најголемата зграда во светот

New Century Global Centre во Кина е единственото место во светот каде што можете да се лизгате на мраз, да спиете во хотел со пет ѕвездички и да се печете на плажа, без дури да излезете од зградата.

1zgrada

Димензиите на оваа градба  се:  должина – 500 метри, ширина -400 метри, додека нејзината височина изнесува  100 метри. По своите димензии огромнната зграда  може да се спореди  со Монако.

2zgrada

Површината на зградата изнесува над 1 700 000 квадратни метри и во неа се наоѓаат канцеларии, бутици, IMAX со 14 кино сали, како и аква-парк.

3zgrada

Друг интересен факт околу најголемата зграда во светот е дека таа има сопствено „сонце”, кое свети 24 часа на ден.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

Огромната зграда била изградена во времетраење од три години.

4zgrada

Локалните ја опишуваат зградата како „Град -океан, изграден од човекот“.

5zgrada

- Реклама -