Еден од најинтересните модни додатоци кој неделава се појави на пазарот е токму оваа чанта, чиј обид е да ги задоволи дури и најексцентричните обожавателки на модата.
The Original Chicken Handbag е вистинско богатство за дамите, кои се уморни од вообичаените масовни стоки. Чантата всушност е направена од гума.
Оригиналната торба, со не особено оригинално име, The Original Chicken Handbag, е наменета за стилски девојки – тврдат нејзините креатори.
Ние се сомневаме дека обожавателките на Hermes и Chanel би ги фасцинирал сличен моден додаток, но со модата никогаш не се знае. Можеби чантата ќе започне нов тренд. Стилската кокошка чини 38 долари, дали би ја купиле?