Најголемите јахти во светот

јахтиБогатите луѓе отсекогаш имале слабост кон докажување пред светот дека имаат пари, со купување на најскапите коли, најголемите домови, најлуксузните јахти. Но, очигледно во светот на богатите владее и изреката „Поголемо е подобро“ бидејќи покрај луксузот, тренд е и големината. Ова се десетте најголеми јахти во светот.

Богатите луѓе отсекогаш имале слабост кон докажување пред светот дека имаат пари, со купување на најскапите коли, најголемите домови, најлуксузните јахти. Но, очигледно во светот на богатите владее и изреката „Поголемо е подобро“ бидејќи покрај луксузот, тренд е и големината. Ова се десетте најголеми јахти во светот.

Eclipse
Должина
: 170 метри
Сопственик: Роман Абрамович

јахти

Најновата јахта на рускиот милијардер Роман Абрамович е најголемата приватна јахта која постои во моментов. Таа е опремена со систем за детекција на ракети, луксузна бања, две платформи за слетување на хеликоптери, базен и минијатурна подморница. Според првите проценки, цената изнесуваше околу 400 милиони, но според најновите гласини, кога Абрамович ќе ја добие јахтата оваа година, ќе плати 1,2 милијарди американски долари.

Dubai
Должина
: 162 метри
Сопственик: шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум

јахти

Оригинално нарачана од принцот Џефри Болкиа од Брунеи во 1996 година, Дубаи беше завршена во 2006 во име на шеикот Ал Мактум. Таа е опремена со три лифтови, базен и нормално платформа за хеликоптери. Доволно е голема за на неа да се сместат 115 луѓе, вклучително екипажот и послугата.

Al Said
Должина
: 155 метри
Сопственик: султан Кабус од Оман

јахти

Препознатлива по нестандардната валкана бела боја, Ал Саид била лансирана во септември 2007 година. За оваа мегајахта сè уште се знае многу малку, но наводно во неа можат да се сместат 65 гости и истата е опремена со концертна сала за 50 член оркестар.

Prince Abdul Aziz
Должина
: 147 метри
Сопственик: кралот Абдула од Саудиска Арабија

јахти

Изградена во Данска во 1984 година, Принц Абдул Азиз била најголемата јахта изградена во минатиот век и носител на титулата најголема јахта цели 22 години. Оваа јахта која чинела 200 милиони долари, има екипаж обучуван од воената морнарица на Саудиска Арабија и наводно дури е опремена со ракети. Исто така на јахтата има базен, кино, гаража, мала џамија и ентериер дизајниран од Дејвид Хикс.

El Horriya
Должина
: 146 метри
Сопственик: египетската влада

јахти

Ел Хорија, чие име значи Слобода, е една од најстарите јахти на светот и една од најголемите. Изградена е во 1865 од британското бродоградилиште Samuda Brothers, според дизајн на Сер Оливер Ланг. Оваа јахта е едно од ценетите богатства на египетската морнарица, неколку пати има служено како претседателска јахта и била првото пловило во поворката која поминала низ новиот Суецки Канал во 1869 година. Во 1872 година јахтата била продолжена за 12 метри и била целосно реновирана во 1905 година кога станала првиот брод во светот опремен со парни турбини.

Al Salamah
Должина
: 139 метри
Сопственик: принц Султан Бин Абдул Азиз

јахти

Јахтата која му припаѓа на Саудискиот министер за одбрана и син на кралот Фахд има осум палуби, 92 соби и 96 челнови на екипажот. Била лансирана во 1999 година откако била изградена во тајност. Внатрешноста е дизајнирана од британскиот декоратор Теренс Дисдејл. Опремена е како стандардна мегајахта со кино, платформа за хеликоптери, џакузи како и затворен базен.

Rising Sun
Должина
: 138 метри
Сопстевници: Лери Елисон, Дејвид Гефен

јахти

Лери Елисон, основачот на Oracle, е познат како страстен морнар. Наводно неговата јахта е изградена со димензии одбрани специјално за да биде поголема од Јахтата на Пол Ален. Опремена е со визба за вино, театар, терен за кошарка (кој служи и како платформа за хеликоптери) и 16 апартмани за гости.

Savarona
Должина
: 124-135 метри
Сопственик: Караман Садикоглу

јахти

Кога била лансирана во 1931 година, оваа јахта била најголемата во светот. Оригинално била изградена за Емили Роеблинг Кедваладер, американска наследничка, но била купена од турската влада неколку години подоцна. Била користена како училишен брод во средината на минатиот век. Моментално јахтава ја изнајмува еден од најбогатите луѓе во Турција, Караман Садикоглу. На неа има библиотека, кино, турска бања и базен.

Al Mirqab
Должина
: 133 метри
Сопственик: Хамад бин Јасим бин Јабер ал Тхани

јахти

Дизајнирана од Тим Хејвуд со ентериер на Ендру Винч, јахтата била завршена во 2008 година. На неа има 9 апармани за гости, еден за сопственикот и доволно простор за екипажот составен од 60 членови. Нормално, исто така е опремена и со стандардниот луксуз, две џакузи, кино, платформа за хеликоптери, како и помала јахта.

Octopus
Должина
: 126 метри
Сопственик: Пол Ален

јахти

Ова е една од двете јахти на ко-основачот на Мајкрософт. Опремена е со две платформи за хеликоптери, седум мали пловила за комуникација, базен, две подморници и скутери за на вода кои можат да излезат преку отвори на страната од јахтата. Екстериерот бил дизајниран од Еспен Оеино, а ентериерот е украсен со стилот на Џонатан Квин Барнет.

- Реклама -