Најскапите нешта во Кина

КинаНајчесто кога се зборува за производи од Кина, една од првите работи на кои се помислува е евтини материјали, низок квалитет на изработка и потенцијално токсични бои. Но од друга страна, во секоја земја можат да се најдат евтини производи од сериско производство, но и луксузни предмети. Кина не е ништо поразлична.

Најчесто кога се зборува за производи од Кина, една од првите работи на кои се помислува е евтини материјали, низок квалитет на изработка и потенцијално токсични бои. Но од друга страна, во секоја земја можат да се најдат евтини производи од сериско производство, но и луксузни предмети. Кина не е ништо поразлична.

КинаВанг Пинг, претседателот на центарот за одгледување на тибетански мастифи од Сичуан, позира со еден од неговите мастифи во Чонгкинг, југо-западна Кина, на 25 декември 2009. Ванг Пинг одбил понуда од анонимен купувач кој понудил 1,1 милион американски долари и BMW  за две години стариот мастиф.


КинаДва модели промовираат кревет во продавница во Гуијанг, во провинцијата Гуижу во југо-западна Кина. Креветот, кој е украсен со злато, дијаманти и жад се продава за само 865842 американски долари.

КинаДве работнички местат венчален фустан во излог во стоковната куќа во Гуохуа во Пекинг. Фустанот, украсен со платина и монистра се продава за цена од околу 740000 американски долари.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

КинаОва е фотографија на ретка поштенска марка именувана „Целата земја е црвена“, создадена од дизајнерот Ван Веишенг во 1968. На 1 ноември 2009 во Хонг Конг на аукцијата за поштенски марки „Џон Бул“, за оваа поштенска марка била дадена понуда од 473000 американски долари.

КинаШи Џујинг пали стапчиња од темјан пред мавзолејот Таихао, во Хуаијанг, во провинцијата Хенан, во централна Кина, на 26 февруари 2009 година. Овој мавзолеј најверојатно му припаѓа на Фукси, легендарна личност за која се верува дека живеела пред 6000-8000 години за време на Шанг династијата. Ши платил речиси 146000 американски долари за да биде првиот што ќе запали темјан на церемонијата.

КинаЛуксузен стан од 600 метри квадратни во Томсон Ривиера во Шангај, во ноември 2009 бил продаден за 14 милиони американски долари, или околу 23600 долари по метар квадратен. Оваа цена била 13 проценти повисока од цената на сличен стан кој бил продаден во февруари 2007, со што бил поставен новиот рекорд за највисока цена во Кина.

КинаПродавачка покажува две јаболка во супермаркет во Шангај, на 31 јануари 2009. Јаболката кои се увезени од Јапонија се продаваат за 295 американски долари за парче.

- Реклама -