Се проценува дека Мадагаскар има повеќе од 2.000 километри на плажи. Бројните острови, корални гребени и палми секого ќе го натераат да посака да ги спакува куферите.
Но не се само плажите и прекрасното море што ги примамуваат туристите да ја посетат оваа убавина. Мадагаскар има и неоткриени тропски прашуми, кои ги привлекуваат сите оние кои што сакаат да го комбинираат својот одмор со море и авантура.
Најидиличното острово е Нози Бе кое се наоѓа во северозападниот дел од главното копно на Мадагасскар, кое е опкружено со корални гребени и чисти песочни плажи. Топлото тиркизно море е плитко и мирно со километри околу островото.
Главниот град на Мадагаскар е Хелвил, кој е многу брзо и возбудливо место полно со живот. Уличните продавачи на сувенири секогаш ќе ве насмеат а луѓето кои живеат во него се секогаш добро расположени и спремни да ви помогнат.
Секој би требало барем еднаш во животот, ова место да го посети.