Судбина

Во текот на една влажна ноќ, еден млад дечко се возеше во својот автомобил. Во еден момент, обидувајќи се да испрати СМС порака, ја губи контролата над возилото и излетува од патот, превртувајќи се повеќе пати. Сево ова го забележала една средновечна жена која возела позади неговиот автомобил. Таа го запрела возилото и немо ја надгледувала ситуацијата. Автомобилот бил превртен во некој ендек и ништо не се мрдало во него. На автопатот немало сообраќај, нитуеден автомобил не поминал веќе извесно време. Жената сватила дека во нејзини раце е судбината на луѓето во автомобилот, кој излетал од патот.

Не двоумејќи се, излегла од автомобилот и се упатила кон ендекот. Кога се прибрижила, забележала дека теренот е пристапен и ѕирнала внатре во превртениот автомобил. Младиот дечко лежел во бесознание, целиот облеан во крв. Вратата била отворена, па жената откако му ги проверила виталните знаци го фатила за рацете и со надчовечки напори успеала да го извлече на патот. Се обидела да викне помош преку нејзиниот мобилен телефон но за жал немало мрежа. Сватила дека нема избор, го ставила телото на младиот дечко во нејзиниот автомобил и се упатила кон најблиската населба со надеж дека некој ќе и помогне.

По само неколку минути возење, ги здогледала светлата на некое мало градче. При самиот влез на градчето го забележала знакот за болница во близина. Тоа ја смирило малку и и дало сила. Набргу пристигнала до малата градска болница. Само што излегла од автомобилот, луѓето што ја забележале веднаш притрчале на помош, за да го извадат телото на младото момче. Една медицинска сестра ја фатила под рака и ја внела внатре да и помогне. По кратко време, жената си ја повратила силата и и раскажала се на медицинската сестра која била до неа.

Набргу потоа и се приближи главниот доктор и ја запраша:
-Дали го познавате пациентот што го донесовте?
-Не докторе, јас возев позади неговиот автомобил, кога наеднаш приметив како излетува од автопатот. Се обидов да викнам помош, но мобилниот немаше мрежа па го донесов тука. Се надевам дека ќе го спасите. Јас му ги проверив виталните знаци на живот и колку што успеав да приметам беа силни и стабилни.
-Храбро од ваша страна што сте се жртвувале толку за некој што не го познавате. Сте имале среќа што не ви починал по пат до тука. Неговата ситуација е сериозна, како што ме известија сестрите, но имаме проблем. Човекот нема никакви документи во него, а за да му го спасиме животот мора да извршиме оперативен зафат, кој чини 1000 евра.

Жената го погледна збунето докторот. Незнаеше што да каже. Докторот ја примети нејзината реакција, па смело го продолжи разговорот.
-Видете, јас ништо неможам да направам. Болницата ги наложува тие правилата, кои се многу јасни. За да извршам оперативен зафат, кој ќе му го спаси животот на човекот што го донесовте, мора да се платат 1000 евра.
– Ама тоа не се мали пари докторе. Зар очекувате јас да ви платам? Па само што поминав низ пеколот додека возев до тука. Па вие сте здравстена установа, морате да му дадете помош.
-Така е госпоѓо, но при вакви ситуации кога пациентот не може да го идентификуваме, болницата забранува скапи интервенции, доколку некој не ги подмири трошоците.

Жената која беше веќе при крај на силите, го погледна докторот со замижени очи и кратко проговори – Каде е најблискиот банкомат?
На ова докторот го релаксира својот до пред малку ригиден став, ја погледна сестрата и климна со главата. – Имате на главниот влез госпоѓо банкомат, но ве молам побрзајте, сестрата само што ми даде знак дека веќе е критично.

Жената истрча накај влезот и за кратко време се врати со парите во рака. Ја подигна раката со парите горе и врисна – Можете ли сега да му го спасите животот на младото момче?

На ова докторот никако не изреагира, се сврте кон сестрата и проговори:
-Може да го примам пациентот сега, каде е ?

Сестрата веќе го буткаше брзо креветот на кој лежеше повреденото момче накај докторот. Кога се приближи со креветот до докторот, тој само стоеше стаписан. Неговата боја на лицето започна да се менува, поцрвенуваше од секунда во секунда. Во тој момент момчето се освести го погледна докторот право во очи и промрморе – Тато, ти ме уби – и смирено ги затвори очите.

Докторот падна на коленици викајќи на глас, целиот во солзи и во очај. Во тој момент му се доближи жената која го донесе момчето и му ги удри парите од глава на докторот, притоа извикувајќи – Еве ви ги парите, ќе ви требаат за погреб!

- Реклама -