Туркс и Кајкос е британска зависна територија во југоисточниот дел на Бахамските Острови во Средна Америка. Опфаќа површина од 430 км2, на која опстојуваат 19.300 жители. Територијата опфаќа две соседни групи на острови кои се на околу 150 км оддалеченост северно од Хаити. Островите Турк ги опфаќаат Гранд Турк и повеќе ниски островчиња, а од Кајкос е одделен со преминот Туркс Ајлендс Песиџ широк до 35 км. Она што е карактеристично за ова место се долгите песочни рајски плажи, тиркизната вода и волшебните одмаралишта со кои изобилува. Иако не се премногу познати, љубителите на егзотичните тропски места сигурно ќе ги препознаат островите кои изгледаат како да се извадени од нашите соништа.