Индонезиското село Тубан е единствено место на светот каде луѓето јадат печена земја. Селаните ја користат обичната кал која се наоѓа насекаде околу нив за да направат „ampo“ – кремасти колачи за кои се верува дека имаат лековити својства.

Иако не постои медицински доказ, селаните веруваат дека колачите од кал се ефективно средство против болка и бремените жени се охрабруваат да ги јадат затоа што се верува дека тие ќе ја направат убава и нежна кожата на нероденото бебе.
Не постои вистински рецепт за да се направи „ampo“. Сѐ што е потребно е да се побара место со чиста земја, потоа со помош на дрвен стап се обликува цврста маса од земја, од неа со нож од бамбус се изрежуваат колачите кои потоа се печат и чадат час и половина, после што тие се подготвени за сервирање. Селаните велат дека тие не се ништо посебно и дека им создаваат ладно чувство во стомакот, оние другите што ги пробале велат дека овие колачи од кал имаат „ладна, кремаста текстура“.