Дали после ова ќе ги споделувате вашите лични податоци на интернет?

Сите знаеме дека споделувањето на личните податоци на интернет не е добра идеја, но што е најлошото што може да ни се случи?

Белгиска банка со помош на една обична, но високо квалитетна изработена реклама, сакаше да ги предупреди најпрво постарите лица, а после нив и сите други, кои се последиците доколку ги споделувате вашите лични податоци на интернет.

Во рекламата учествуваат повеќе професионални фирми од најразличен карактер, со цел да ја изведат замислата што пореално. Во суштина пола реклама е скриена камера,и е направена во соработка со белгиска филмска продуцентска куќа.

За да се заштитат од тужба, сопругата на “жртвата” била претходно известена и било договорено одредена надокнада, но под услов “жртвата” да не знае ништо околу тоа!
[youtube]http://youtu.be/Rn4Rupla11M[/youtube]

- Реклама -