Збунетото маче кое го насмеа цел свет

Ова симпатично маче со име Урсус ја забавува интернет публиката веќе десет дена со најзината кротка и умерена реакција. Да беше било која друга раса на мачка, сигурно ќе му доделеше “од прва” едно кроше на репликава на Тардис, познатиот свемирски и времепловски брод од научно-фантастичната британска серија “Doctor Who”.

Инаку интересно е да се истакне дека оваа раса, која најверојатно ве збуни со нејзината боја на крзно, се вика Russian Blue (позната е и под името Archangel Blues) и има многу поразличен карактер од повеќето раси на мачки. Тие се многу интелегентни и разиграни, но срамежливи и повлечени пред непознати луѓе. Тоа што се разликува кај оваа раса е јаката и интезивна поврзаност со луѓето со кој живее. Слободно може да се спореди нејзината приврзаност со приврзаноста кај кучињата. Крзното е со сребренесто-плава боја, но поради рецесивни гени, има можност да се појави чисто плава боја на крзното. Оваа раса и е преставена на светската публика многу одамна, во приказната за деца “Алиса во земјата на чудата” но поради недостаток на информации најчесто тоа не е согледано.

[youtube]http://youtu.be/6dMOJNancec[/youtube]

- Реклама -