Дизајнерски велосипеди

gucci-bike Кога ќе се сретнат светот на велосипедите, луксузот и модата ги добиваме овие ретки примероци велосипеди за оние кои сакаат да се возат со стил.


Кога ќе се сретнат светот на велосипедите, луксузот и модата ги добиваме овие ретки примероци велосипеди за оние кои сакаат да се возат со стил.

Велосипедот од Fendi – Abici Amante Donna доби моден еквивалент на благослов на папата – целосна страница во јунското издание на Vogue во 2009. Вкупната цена на овој велоспед со комплет аксесоари од кожа и Fendi ташничка од 720 евра на рачките е 4.360 евра.

fendi-bike

Во ограничено издание од само 50 примероци, овој редок примерок со осум -брзини кој го носи потписот на Chanel е вистински пример за декаденција на две тркала. Цена: Околу 12.000 евра.

chanel-bike

Црвениот велосипед  дизајниран од Gucci по повод олимпијадата во Пекинг можеше да се купи само во продавниците на Gucci во Кина за околу 2.500 евра.

gucci-bike

Hermès велосипед. Цена: Речиси 3.000 евра.
hermes-bike_copy

Велосипед за деца со Swarvoski кристали дизајниран од Bronzieri и  Stefano Cavaller. Цената се уште не е објавена.

i-pinco-pallino-bike
[8 Designer Bicycles for Two-Wheeling Fashionistas]

- Реклама -