Заменете ги кусите здолништа со шорцеви

Кратките шорцеви повеќе не се носат само кога се во прашање летните лежерни изданија, туку се носат и во лето и во зима. Во сезона која е во полн ек, еден од модните хитови се шорцевите кои наместо сукњи се комбинираат со различни стилови и за различни намени.

Комбинациите имаат одредена доза на софистицираност, женственост и иако се работи за кратки пантолони кои откриваат поголем дел од нозете, не може да се сметаат за вулгарни и непримерни. Ако се одлучите аз вакви модели ќе изгледате модерно, средено и пред се ќе се чувствувате пријатно.

Шорцеви со висок струк

Fashion-Holiday Colors

Овој модел е довршен за жените кои негираат ретро стил и сакаат да го нагласат својот струк. Ваквиот шорц можете мошне лесно да го комбинирате и за посвечени, но и за дневни лежерни, дури и работни прилики.

Шорцеви со дезен

e576cd7af930c44453cbde813dfb882f

Оваа година во мода се материјали со различен принт, мотиви, флора и фауна, пруги, точки и разни други егзотични мотиви. Овие модели се пред се наменети за слободното време.

Одело со шорцеви

b16e207ad013b3988f6f9084f7c51ea3

Не морате да го пронајдете оделото кое вклучува сако и шорц, кога можете да си направите сопствена комбинација. Доколку работите некаде каде што смеете да дојдете во шорцеви, зошто да не се обидете со една ваква комбинацја?

Кратки вечерни комбинации

4c2a58d0a529092c89ab4791c61797b0

Доколку сакате да експериментирате со стиловите и сакате по малку екстравагантни комбинации, посебно за вечерните излегувања, кратките шорцеви во комбинација со интересни блузи или кошули е дефинитивно полн погодок.

4e0cab201646ba59c70d5decbb945cba 8a3098197eeb2493a1f3f7e4478b67da 9c77d28a928185f005c15e4d59634743 9ee9eefc7896284d8192c5ec45435f6e 22527cda83b0cda919b6257e89ae8df0 abed3487eb487952ce60aff659f3c323

- Реклама -