Официјално: Попов уште една година во ВБА

Македонскиот репрезентативец, Горан Попов и во следните 12 месеци ќе го носи дресот на ВБА како позајмен фудбалер од Динамо Киев.

Левиот бек минатата сезона ја помина на позајмица на Хоторнс Стадионот и забележа 12 настапи во Премиерлигата зад своето име.

ВБА изрази желба да го задржи Горан Попов во своите редови, и минатиот месец беа започнати преговори со Динамо Киев за нова позајмица.

Двата клуба конечно успеаа да ги договорат деталите од зделката, па ВБА вчера соопшти дека репрезентативецот на Македонија останува на Хоторнс Стадионот.

„ВБА денеска ги осигура услугите на Горан Попов, играчот ќе биде на позајмица и следната сезона, со опција за перманентен трансфер” – гласеше соопштението на ВБА.

Прочитајте и:  Еквадорскиот фудбалски репрезентативец Ангуло почина на 23 години

За зделката, менаџерот на ВБА, Стив Кларк рече: „Нашата намера беше јасна, сакавме Горан да се врати”.

„Тој е добар играч па логично е тоа што сакавме и следната сезона да биде дел од нашиот тим”.

„Попов сега многу подобро ја разбира Премиерлигата, и ќе очекуваме повеќе од него во новата сезона”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -