Не е невообичаено да се има глодар за домашен миленик, но миленикот на Мелани Типалдос од Тексас не е обичен глодар. Тој е од видот капибара, најголемиот вид глодари на светот.
Не е невообичаено да се има глодар за домашен миленик,но миленикот на Мелани Типалдос од Тексас не е обичен глодар. Тој е од видот капибара, најголемиот вид глодари на светот.
Каплин Роуз е веројатно најпознатиот капибара на светот. Покрај тоа што е необичен миленик Каплин Роус е и необичен глодар, тој знае да прави трикови, а има и профили на социјалните мрежи, 2,700 следбеници на Твитер и блог посветен на него.
Типалдос вели дека приказната со Каплин започнала во Венецуела, кога нејзината ќерка се вљубила во една мала капибара. Отакако се вратиле дома таа постојано барала да добие капибара за домашен миленик. Нејзината мајка и ја исполнила желбата и набавила 11 дена стара капибара која пораснала во голем глодар од 45 килограми и станала неодвоив дел од нивните животи.
Не е познато колку луѓе чуваат капибари како домашни миленици, но еден одгледувач од Тексас вели дека продава по 5 до 10 капибари годишно. Природната средина на капабарите е Јужна Америка, тие се полу-водени животни, односно во дивина делумно живеат во вода. Заради тоа повеќето сопственици на капибари ги чуваат на отворено, на фарми и на поголем простор каде ќе можат да пливаат, редок случај е тие да живеат во домашни услови.
[Caplin Rous, the world’s most famous capybara, is an ambassador for giant rodents everywhere]