Како да си го уништите интервјуто за работа

ИнтервјуПреку примери од вистинскиот живот, најдобро ќе видите како не треба да се однесувате на интервју за работа. Ако ги правите нештата како овие луѓе, тогаш или престанете да одите на интервјуа или променете нешто.

Преку примери од вистинскиот живот, најдобро ќе видите како не треба да се однесувате на интервју за работа. Ако ги правите нештата како овие луѓе, тогаш или престанете да одите на интервјуа или променете нешто.

ИнтервјуВнимавајте на мејл адресата!

Мејл адресите се бесплатни. Затоа, престанете да ги користите оние што сте ги направиле кога сте биле тинејџери. Замислете колку непрофесионално изгледа кога на работодавецот ќе му пристигне CV од адреса: ma4ence@…..

Не претерувајте во CV-то!

„Тоа што сте присуствувале на состанок, не е исто со учество во концепција на проект“.

Не претерувајте со парфемот!

Не се доведувајте во ситуација во која оние што ве интервјуираат ќе се запрашаат: „Дали кандидатот се испрскал со парфем или се избањал во него“?

Не оддавајте впечаток дека сте очајни!

Ако му кажете на тој што седи спроти вас дека тоа ви е прво интервју по долго, долго време, тој ќе си помисли дека нешто не е во ред со вас, штом тој е првиот што одлучил да ве повика.

Не флертувајте со оној што треба да ви даде работа!

Можеби мислите дека оној што ве интервјуира е секси, но не го споделувајте мислењето. Ќе оддадете впечаток на непрофесионален човек.

Не планирајте одмор пред да ја добиете работата!

Кога ќе ви дадат шанса да поставите неколку прашања, ниедно од нив не треба да биде: „Кога можам да одам на одмор?“

- Реклама -