Гласините за буџетскиот iPhone циркулираат одамна во интернет просторот, но засега од страна на Apple нема официјална информација за тој модел.
Сепак кинескиот сајт Techdy деновиве објави први квалитетни фотографии на евтиниот iPhone со 4-инчен екран и обвивка од пластика.
Редакцијата на Techdy уверува дека има автентичен прототип на долгоочекуваниот уред и заедно со фотографиите објави и видео. Сајтот тврди дека пластиката на буџетскиот iPhone е исклучително квалитетна и посупериорна дури од онаа кај паметните телефони на Samsung. Предниот панел на телефонот е црн, а на долниот крај се наоѓаат конекторот за полнење и приклучокот за слушалки и звучници. Екранот има дијагонала 4 инчи, како кај iPhone 5.
Се очекува Apple да го лансира буџетскиот iPhone до крајот на оваа година. Според аналитичарите, пазарот на паметни телефони во наредните години ќе расте како резултат на побарувачката во земјите во развој, каде населението има ниски приходи и не може да си ги дозволи скапите модели на iPhone.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk