Откријте што вели урината за вашето здравје

Еден од најефикасните начини да откриете каква е состојбата на вашето здравје е анализа на урината, при што не мислиме на лабораториски наод туку на вашето внимание по извршената нужда. Бојата или мирисот на урината може многу да откријат.

Проучете го нашиот мал водич што ќе ви помогне на време да ја откриете состојбата на вашето тело.

Urine SampleБоја

Бојата на урината пред се зборува за хидратацијата на телото. Посветлата нијанса дефинитивно е попожелна од потемната која може да упатува на дехидрација или на лоша работа на бубрезите кои се задолжени за прочистување на крвта од штетните материи. Мокрачата е потемна со намаленото исфрлање вода низ неа.

Зачестено мокрење

Пречестото мокрење може да упатува на неколку (не)опасни појави, од дијабетес до претерано конзумирање алкохол и кофеин, како и на последици од породување и ослабување на мускулите. Покрај тоа познат е и проблемот „стрес инконтиненција“ – појава на неволно и неконтролирано испуштање на мочта при зголемен интраабдоминален притисок, кој се јавува при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото (на пример: при брзо станување) или при други физички активности.За тоа ќе помогнат „вежбите на Кегел“ односно свесна контракција на мускулите на карлицата.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Мирис

Мирисот на урината се менува во зависност од храната што ја јадеме. Доколку немате некои други предупредувачки симптоми како темна и густа мокрача, мирисот не треба да ве загрижува.

premiertox_step_by_step_urine_collection_and_testing_processКрв во урината

Крвта е знак на болести на уринарните патишта или бубрезите. Една од најчестите причини за крв во урината се бубрежните камења кои кога поминуваат низ уринарните патишта предизвикуваат оштетување на слузницата и крварење. Ако забележите крв задолжително направете детален преглед.

За да ги одржите уринарните органи здрави едноставно треба да внесувате многу овошје и зеленчук, редовна физичка активност и доволен внес на вода. Водете сметка за тоа да избегнувате жед која е знак дека телото е веќе во степен на дехидрација.

- Реклама -