Најскапите нешта во светот

skap_avtomobilОд најскапиот автомобил, до најскапото куче, погледнете кои се најлуксузните нешта кои некој може да си ги дозволи на нашата планета.

Од најскапиот автомобил, до најскапото куче, погледнете кои се најлуксузните нешта кои некој може д а си ги дозволи на нашата планета.

Најскапото место за паркирање ($300.000)
a96907_a561_1-parking-spot

Анонимен купувач плати 300.000 долари за место за паркирање во Back Bay, со што тоа стана најскапото место за паркирање во Бостон и воопшто во светот.

Најскапиот автомобил (12,15 милиони долари)
a96907_a561_12-car2

Ферарито 250 Testa Rossa од 1975 година постави нов светски рекорд за најскап автомобил некогаш купен на аукција – го чинеше неговиот сопственик 9.02 милиони евра или 12,15 милиони долари. Автомобилот е тркачки и освоил прво место на 10 од вкупно 19 трки во кои учествувал од 1958 до 1961.

Најскапата гитара (2,8 милиони долари)
a96907_a561_9-guitar

Гитарата која е потпишана од Џими Пејџ, Ерик Клептон, Мик Џегер, Брајан Адамс, Кит Ричардс, Пол Макартни, Стинг и многу други, а која беше продадена на хуманитарната аукција за помош на жртвите од цунамито во 2004, го надмина рекордот за најскапа гитара на светот, чија титула претходно ја носеше гитарата потпишана од Ерик Клептон.

Најскапиот Ајфон (3,2 милиони долари)
a96907_a561_2-i-phone

Еден британски дизајнер го направи најскапиот Ајфон на светот со речиси 200 дијаманти и цена од 3,2 милиони долари. Маската на ексклузивниот ајфон содржи 271 грам чисто злато од 22 карати. На предниот дел има 136 дијаманти со вкупно 68 карати, додека за логото на Apple на задната страна се искористени уште 53 дијаманти. Копчето за навигација е направео од еден цел дијамант со повеќе од 7 карати.

Најскапиот дом (150 милиони долари)
a96907_a561_5-residence

Updown Court е моментално најскапата резиденција во светот. Во неа има 103 соби, пет базени и 24-каратна златна декорација на мозаиците на подовите. Помеѓу другото овој луксузен дом има и сала за куглање, терен за тенис, кино сала со 50 седишта, мермерни патеки што се загреваат и аеродром за хеликоптери. Осум  лимузини можат да се сместат комотно во подземната гаража. Потоа, тука се соседите како кралицата (во дворецот Виндзор) или Елтон Џон.

Најскапиот пијалок (210.000 долари)
a96907_a561_6-drink

Beaute de Siecle, ограничената линија коњак од Hennessy, беше направена за да го прослави 100-иот роденден на Killian Hennessy, човекот кој е наследник од шесто колено на основачот на компанијата. Ова ограничено издание на пијалокот чини околу 210.000 долари од шише, а постојат само 100 примероци. Во скапоцената кутија која е специјално дизајнирана и декорирана и која се отвора со бронзен клуч, лежи најдобриот коњак на светот стар помеѓу 50 и 100 години.

Најскапото куче (582.000 долари)
a96907_a561_8-dog

Тибетскиот Мастиф кој беше продаден на еден кинески милионер во септември оваа година е најскапото куче на светот. Неговата нова соптвеничка долета со авион за да си го земе својот скап 18. месечен миленик. Тој патуваше со прва класа за на крајот да биде пречекан од хорда љубители на кучиња. Ех, понекогаш е добро да се биде куче.

Најскапите фармерки (27.000 долари)
a96907_a561_4-jeans

Уметникот Damien Hirst во соработка со команијата Levi’s ги создаде најскапите фармерки досега. Неудобни за носење и испрскани со сликарска боја до последниот сантиметар, овие фармерки, сепак, можат да се сметаат повеќе за парче уметност отколку за парче облека.

- Реклама -