Едноставно поделете ја сметката на повеќе кредитни картички

СметкаПонекогаш, кога сте излезени со друштвото и треба да ја поделите сметката, се јавува проблем кога неколкумина немаат пари, туку само картичка. Главоболките што во тој случај ги доживува келнерот се огромни. Но, еден концепт смислен од петмина пријатели, може многу бргу да го измени сето тоа.

Понекогаш, кога сте излезени со друштвото и треба да ја поделите сметката, се јавува проблем кога неколкумина немаат пари, туку само картичка. Главоболките што во тој случај ги доживува келнерот се огромни. Но, еден концепт смислен од петмина пријатели, може многу бргу да го измени сето тоа.

Сметка
Јунг Ју Чул, Хер Миран, Ли Чанг Хо, Ли Кихо и Шин Јунгми дизајнирале прототип на апарат за наплата од картичка, со кој можете да ја делите сметката. Концпетот е наменет за рестораните и кафулињата, а функционира на принципот на повеќе слотови и селекција на она што сакате да го платите од целата сметка.

Сметка
Доколку овој концепт биде прифатен и започне да функционира, ќе им го направи животот на келнерите полесен, но истовремено ќе им го загорчи животот на гребаторите.

Сметка
Овој концепт на плаќање не значи дека нема да можете да честите ако посакате, туку само дека нема да бидете обврзани на тоа, само затоа што е тешко да се подели сметката.

- Реклама -