Совети за јога на плажа

Конечно заминувате на годишен одмор и можете да заборавите на сите обврски што ви висат над глава. Но, тоа не значи дека треба да заборавите на нештата што ве опуштаат. Ако сте љубители на јогата, проследете ги следниве едноставни совети за јога на плажа.

1. Понесете си голема крпа. Не се мачете да носите душек за јога на плажа, бидејќи песочната подлога сигурно ќе предизвика изместување. Ако сакате да останете на подлогата, тогаш решението е во една убава, поголема крпа.

Daytona_Yoga_Ron_Krista_Beach

2. Заштитете се од сонцето. Дури и ако вежбате наутро, сонцето може да направи значителна штета. Затоа, никогаш не заборавајте да се измачкате со средство за заштита од сонце и да носите соодветни очила.

3. Заборавете на електрониката. Нема потреба да носите електронски уред со вас за да пуштите музика за јога. Користете ги звуците на морето, кои ќе ви помогнат да достигнете целосно опуштање.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

2825083702_b897045ba3

4. Движете се бавно. Избегнувајте пози за кои се потребни побрзи движења, бидејќи ќе ви биде многу тешко да ја задржите крпата на своето место и песокта надвор од вашата облека.

5. Балансирајте. Едноставно, ако можете да балансирате на песок, потоа ќе можете секаде!

yoga3

6. Експериментирајте. Пробувајте нови и потешки пози. Дури и да паднете, ќе знаете дека песокта го минимизира ризикот од повреди.

7. Пијте вода! Ова е добар совет за секое место и време, но особено за кога вежбате на плажа. Времето е топло, воздухот сув, ветрот најчесто силен – фактори кои сигурно ќе придонесат за дехидрација.

[youtube]http://youtu.be/7r23YXq6RB8[/youtube]

 

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -