Како да ја сочувате линијата на годишниот одмор?

Би било штета да го отфрлите сиот труд кој го вложивте за да го доведете телото во добра форма пред почетокот на летото. Вообичаено, сите се фокусираме да ослабеме пред одморот, но тоа не треба да ни биде изговор за да претеруваме со храната кога ќе пристигнеме на саканата дестинација. На одмор сте слободно и уживајте во храната и симпатичниот келнер додека ви го носи вашиот втор коктел. Но, користете ја нашата стратегија во текот на одморот за да би се вратиле препородени, а не „надувани“.

1. Направете си приоритети

Останете верни на вашата вообичаена рутина. Јадете за доручек и ручек она што би го јаделе и дома. Сочувајте се за вечерата, која во текот на одморите е обично најзабавен оброк.

cropped-fruit-beach-header

2. Поправете ги грешките

Доколку изедете повеќе за ручек, јадете помалку за вечера. Придржувајте се до правилата дека, после претерувањето во храната, следниот оброк мора да биде здрав и скромен.

3. Сочувајте за подоцна

Бидејќи не ја подготвувате самите вашата храна, бидете претпазливи со големината на порцијата која знае да биде и двојно поголема од што би требало, па оставете го остатоткот во чинијата кога ќе се почуствувате сити.

ater-bar-beach-fruits-meal-Favim.com-319108

4. Замена

На одморите, „happy hour“ обично започнува околу 2 или 3 часот попладне, и тоа е во ред. Но, доколку планирате да пиете до длабоко во ноќта, подобро да го замените алкохолот со безалкохолни пијалоци.

5. Лесна ужина

Одолејте на искушението на сите понудени закуски и мезиња во баровите така што со вас ќе носите рачен фрижидер со овошје, орашести плодови, мусли, и нискокалорични сендвичи. Економично и добро за линијата.

- Реклама -