Погледнете како бебињата бегаат од своите креветчиња

Најверојатно “Невозможна мисија” со Том Круз им е омилен филм на бебињава. Навистина е чудно, како толку лесно излегуваат од креветчињата. Уште пофасцинантно е моментот кога соработуваат за да ја постигнат заедничката цел.

“Tabula rasa” е современиот општо прифатен став за новороденчињата, но снимките од интернет сугерираат нешто друго. Прашање на време е кого ќе се постават нови теории врз основа на фрапантните снимки што секојдневно се појавуваат на интернет. Започнувајќи од бебињата што го имаат вродениот инстикт за пливање, инстиктот за ритам, нивниот неопислив капацитет за учење, па и инстиктот за совладување пречки, мислам дека не е погрешно да заклучиме дека бебињата се многу повеќе од празна табла.
[youtube]http://youtu.be/sDaRLZF9HqY[/youtube]

Прочитајте и:  Американски технолошки стартап им ветува на родителите попаметни бебиња
- Реклама -