Најпознати апокалиптични култови

АпокалипсаСекогаш кога се ближи некој „суден“ ден спомнат во некоја приказна, се множат и култовите што со нетрпение ја чекаат апокалипсата. Крајот на светот е интегрален дел од сите религии, но речиси без исклучок, сите испливуваат на површина единствено кога се прават филмови на таа тема (2012). Следува дел од најпознатите култови во светот.

Секогаш кога се ближи некој „суден“ ден спомнат во некоја приказна, се множат и култовите што со нетрпение ја чекаат апокалипсата. Крајот на светот е интегрален дел од сите религии, но речиси без исклучок, сите испливуваат на површина единствено кога се прават филмови на таа тема (2012). Следува дел од најпознатите култови во светот.

АпокалипсаПанакеа

Во 1792 година, гатачката по име Џоана Сауткот на листови запишала некои предвидувања, ги запечатила во кутија и оставила инструкции кутијата да му се предаде лично на Исус, при неговото второ доаѓање. Нешто подоцна, им соопштила на своите следбеници (Сауткотците) дека е бремена со месијата, Шилох, и неговото раѓање ќе им донесе смрт на сите кои не членуваат во култот. За нејзина несреќа, таа умрела како 64 годишна девица, а денес, членовите на култот повремено пуштаат соопштенија демантирајќи ги гласините дека некој бискуп ја отворил кутијата, зашто Исус и натаму е зафатен.

Јеховини сведоци

Во 1875 година, Чарлс Т. Расел, син на богат трговец, го искористил наследеното богатсво за да информира колку што може повеќе луѓе дека Армагедон ќе дојде во 1878. Годината поминала, ништо не се случило, но тој не се откажал. Создал систем на алгоритми со кои предвидувал следни и следни датуми на кои светот ќе заврши. Како што можеме да видиме, тоа не се случило. Во меѓувреме, со своите бладања, Расел оформил организација која по неговата смрт во 1916 продолжила да функционира како „Јеховини сведоци“, со тврдењето дека Исус наскоро (многу години во кои тоа не се случило) ќе се врати, ќе владее 1000 години, а потоа ќе се врати во рајот заедно со 144 илјади „чисти души“ (членови на организацијата) а останатите членови ќе продолжат да живеат во рајот на земјата. Секако, сите кои не се зачлениле, ќе умрат ужасно. Организацијата престанала да дава предвидувања за Армагедон во 1976 година кога се случило масовно одлевање на членството, но и натаму верува во приказната.

Аум Шинрико

Слепиот акупунктурист, Шоко Асахара, во 1987 започнал курсеви по јога откако поминал одреден период во Индија. Во прв период голем број Јапонци се придружиле, но набргу го напуштиле движењето откако моќта го удрила водачот во глава и тој го трансформирал во култ со име Аум Шинрико (Врховна вистина). Водачот инкорпорирал едно чудо окултни учења во философијата, тврдел дека е Исус, а и дека може да излечи сѐ од венерични болести до рак на мозокот. Членовите морале да живеат во сиромаштија, децата носеле шлемови кои ги синхронизирале мозочните бранови со тие на Асахара итн. Откако во 1990 година ги загубил изборите во Јапонија, Асахара ги убедил следбениците дека во 1997 владата на Јапонија ќе почне војна против „праведните“ и дека е нивна должност да убијат колку што е можно повеќе „неверници“ пред да започне борбата. Па така, во 1995, следбениците на култот ослободија сарин гас во метроата во Токио, убивајќи 11 луѓе, а повредувајќи неколку стотици. Шоко Асахара беше погубен за масовното убиство, а организацијата се реформираше во Алеф и е под постојан надзор од властите.

Брама Кумарис – светски духовен универзитет

Во 1932 година, пензионираниот дилер со дијаманти Лекраџ Кубчанд Крипалани започнал да тврди дека е аватар на Шива и дека добива апокалиптични визии. Тврдел дека нуклеарна војна ќе ги уништи сите континенти освен индискиот субконтинент. За брзо време собрал преку 300 следбеници. Тие требало да бидат избраните кои ќе знаат да го водат народот по катастрофата. Најголем дел од нив биле богати сопруги кои се заколнале на целибат и му го препишале богатството што им припаѓало. Налутените семејства лобирале кај владата на Индија да се забрани групата, по што водачот го формирал култот Брама Кумарис и започнал да оперира во тајност. Маска за култот (и извор за финансии) било учењето јога на њу ејџ групите низ целиот свет. Членството се раширило со невидена брзина и продолжило да се шири сѐ до 1969 кога Крипалани умрел, оставајќи аманет дека одново ќе контактира со членовите, преку лидерите на култот. Денес, најпознат претставник на овој култ е Пратиба Патил, актуелниот претседател на Индија.  Во 2007 таа излегла со тврдење дека Крипалани ѝ се обратил во визија, кажувајќи ѝ дека „голема одговорност“ ќе ѝ падне во рацете, многу скоро.

- Реклама -