Што се случува во нашето тело откако ќе испиеме Кока-Кола?

Дали сте се запрашале зошто Кока-колата (или било која друга кола) ја пиеме со насмевка? Тоа е поради тоа што со неа се дрогираме, иако кокаинот од овој пијалок е исфрлен пред повеќе од 100 години.

10 минути откако сме се напиле кока-кола 0.25:
10 лажички шеќер се внесени во нашиот организам. Но поради фосфорната киселина која го намалува слаткиот вкус, ние нема да повратиме.

20 минути откако сме се напиле кока-кола 0.25:
Количината на шеќер во крвта нагло пораснува и предизвикува инсулинска експлозија. Нашиот црн дроб одговара со тоа што целиот шеќер во крвта го претвара во маснотии (во овој момент црниот дроб е многу оптоварен со работа)
coca-cola-boce

40 минути откако сме се напиле кока-кола 0.25:
Кофеинот од кока-колата е потполно апсорбиран. Ни се шират зениците, расте крвниот притисок, а како резултат на тоа, нашиот црн дроб уште повеќе пумпа шеќери во крвотокот. Аденозин рецепторите (кои се наоѓаат во мозокот) во овој момент се блокирани и поради тоа ние не осеќаме вртоглавица.

45 минути откако сме се напиле кока-кола 0.25:
Телото го зголемува производството на допамин, кои ги стимулираат центрите за пријатност во мозокот. На овој ист начин ни делува и хероинот.

1 час откако сме се напиле кока-кола 0.25:
Фосфорната киселина реагира со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево, предизвикувајќи додатна експлозија во метаболизмот. Ова накнадно се копликува со големите дози на шеќер и вештачки засладувачи, кои го зголемуваат лачењето на калциум во мокрачата.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Повеќе од 1 час откако сме се напиле Кока-кола 0.25:
Диуретските својства на кофеинот почнуваат да влијаат на нашето тело (зголемена потреба за мокрење). Тогаш целиот калциум, магнезиум и цинк, кои биле наменети за нашите коски и тело, како и електролитите на натриумот и водата се исфрлуваат од телото.

Блиску 2 часа откако сме се напиле Кока-кола 0.25:
Хаосот во нашето тело стивнува и започнуваме да осеќаме недостаток на шеќер. Во овие моменти можеме да бидеме многу лесно раздразливи и вознемирени. До сега сме ја исфрлиле преку мокрачата, целата вода од Кока-колата. Но таа вода која сме ја исфрлиле, претходно се соединила со најважните хранливи материи од нашето тело, потребни за изградба на нашите заби,коски, мускули и нерви. Поради ова, телото ги нема во овој момент потребните минерали за нормално функционирање.

Неколку часа откако сме се напиле Кока-кола 0.25: Поради створената навика, организмот чуствува недостаток на кофеин и се јавува желбата за уште една доза на Кока-кола.
soda

- Реклама -