Производите креирани од големите компании за освежителни пијалоци ретко се менуваат, па едниствениот начин да ја одржат современоста и свежината на брендот е редизајнирање на лименките. Безалкохоните пијалоци биле дел од светската култура уште од почетокот на 20 век, а нивните логоа се менувале низ историјата. Подолу можете да видите неколку интересни примери за еволуцијата на лименките на едни од најпознатите сокови во светот.