5 комплименти кои секоја жена сака да ги чуе

Комплименти Момци, внимавајте! Без разлика колку сите се разликуваме, постојат некои универзални нешта што „палат“ кај сите. Ставете ги овие 5 комплименти во вашиот арсенал и веќе никогаш не ќе погрешите кога станува збор за делење убави зборови.

Момци, внимавајте! Без разлика колку сите се разликуваме, постојат некои универзални нешта што „палат“ кај сите. Ставете ги овие 5 комплименти во вашиот арсенал и веќе никогаш не ќе погрешите кога станува збор за делење убави зборови:

Комплименти1. Незаменлива си

Овие зборови (кажани со целосен контакт со очите), на вашата партнерка ѝ даваат до знаење дека ја цените како личност, заради нејзината индивидуалност. Колку е ова важно можете да забележите според раскинувањата. Сетете се колку повеќе боли ако за тоа дознаете преку порака, фејсбук или преку некој трет, за разлика од случаите кога ви кажале лице в лице.

2. Ми го разубавуваш животот

Да, на прв поглед се чини како овие зборови да се пресилни, но размислете. Најголем дел од врските пропаѓаат затоа што некој од партнерите другиот го зема здраво за готово. Ако на партнерката не ѝ покажете дека ја цените, заради тоа што одбрала да е со вас, заради тоа што ви посветува внимание, заради самата неа, тогаш може да се случи многу бргу да се разочара од вас. А, ако овие зборови ви звучат како клише, направете некоја варијација – важно е да ја пренесете пораката!

3. Совршена си таква каква што си

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Овој комплимент ја добива првата награда за можноста да ѝ го разубави денот на вашата партнерка. Можеби не само денот, туку и месецот или годината! Сите сомнежи за себеси, сите стравови исчезнуваат во моментот кога човекот кој го сака ќе ѝ каже дека не треба да менува ништо кај себе.

4. Ги сакам твоите (вметнете дел по избор: темни очи, убави стапала, нежни раце…)

И покрај фактот што многу жени рекле дека не сакаат да слушаат излитени фрази, тоа едноставно не е така. Старите добри комплименти секогаш функционираат беспрекорно. Секоја жена сака да чуе дека нејзиниот партнер го цени напорот што го вложила на својот изглед, особено што тој го забележал тоа. Затоа, не бирајте делови од нејзиното тело по случаен пат. Покажете ѝ дека имате око за детали.

5. Се гордеам со тебе

Голем број врски пропаѓаат заради недостаток на поддршка за партнерот. Застанете зад вашата жена, без разлика дали се бори за унапредување, бара ново работно место, работи на себе или се обидува во некое поле на уметноста. Бескрајно многу ќе ѝ значи фактот што нејзиниот избраник никогаш не загубил верба во неа и што ќе знае дека секогаш може да се потпре на него.

- Реклама -