Еквадорската заедница на луѓето кои имаат џуџест раст предизвикан од Лароновиот синдром, во своите гени го кријат одговорот за ракот и дијабетисот. Во целиот свет постојат 300 луѓе кои го имаат Лароновиот синдром, а дури една третина од нив живеат во провинцијата Лоја, во јужниот дел на Еквадор.
“Ларон” личностите патат од ретко генетско пореметување, поради што се развиваат со совршено нормални пропорции, но достигнуваат висинаод само 120 сантиметри. Тие го немаат хормонот кој се вика “Инсулин со сличен фактор на раст 1” или IGF-1.
IGF-1 ги потикнува клетките на растење и делење, со цел да се креираат нови клетки. Зголеменото ниво на IGF-1 е поврзан со ракот на дојката, простатата и дебелото црево во раната фаза.
Докторот Џејми Гуевера-Акуире од Еквадорскиот Институт за Ендохронологија и Докторот Валтер Лонго од Калифорнија ги проучуваат овие луѓе со надеж дека ќе пронајдат нови лекови, поради тоа што тие се потполно отпорни на тумори. Исто така кај луѓето со Ларонов синдром воопшто не е регистриран случај на дијабетис.
Др. Лонго во 2008 година ја основал компанијата DSR Pharmaceuticals и работи на развој на таблети кои ќе го блокираат рецепторот на хормонот за растење. Неговата претпоставка е дека таблетата ќе го постигне истиот ефект како и Лароновиот синдром- да го штити оштетувањето на ДНК која го потикнува растот на туморот.
Поскапата верзија на овој лек е во облик на инекција и е развиена уште пред десетина години. За жал и после цела деценија се уште е во фаза на тестирање. Намената на инекцијата е стопирање на неконтролираниот раст на деловите на телото кај возрасните личности, но Др. Лонго верува дека би била делотворна и против ракот.