Топла салата од домати

Поради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, доматот стана омилена салата, храна и прелив. Денес тој претставува основа на медитеранската кујна, бидејќи одлично се усогласува со бројни јадења. Направете ја оваа вкусна салата од домати за само 10 минути.

Потребни состојки:

3288123-907876-ingredients-for-the-salad-tomato-and-arugula-on-the-kitchen-board

800 г. домати
4 лажички маслиново масло
двопек или потпечен леб
2 чешниња лук
20 мл балзамик оцет
бибер
100 г. руколи
150 г. црни маслинки
200 г. овчо сирење

Подготовка:
Доматите исечкајте ги на половина, посолете, зачинете со бибер и кратко испечете го на грил тава во маслиново масло. Тост лебот исечкајте го на помали коцки, кратко испечете го во маслиново масло и додадете бел лук. Домашните кубети извадете ги од тавата и оставете ги да се изладат и исушат. На чинија сервирајте рукола, додајте домати, маслинки и коцки овчо сирење. Додадете ги кубетите, прелиете со балзамико оцет и послужете го додека е топло.

- Реклама -